Sony Xperia E4g - Збир на функции

background image

Збир на функции

На екранот има заштитна пластична фолија. Фолијата мора да се отстрани пред да се користи
екранот на допир. Во спротивно, екранот на допир може да не функционира правилно.

Отстранување на задниот капак

Вметнете го ноктот во празнината (како што е прикажано на сликата) и подигнете го
капакот.

Ставање на задниот капак

1

Поставете го задниот капак врз задниот дел од уредот, потоа притиснете надолу на
долните агли за да легнат на своето место.

2

Движејќи се од долу нагоре, притиснете ги страните на капакот додека не се намести на
место со кликнување.

Вметнување микро SIM-картичка

Доколку вметнете микро SIM-картичка додека уредот е вклучен, тој автоматски ќе се
рестартира.

7

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Извадете го задниот капак и вметнете ја микро SIM-картичката во нејзиното лежиште со
златно обоените контакти свртени надолу.

За правилна работа на уредот мора да користите микро SIM-картичка. Некои SIM-
картички со стандардна големина овозможуваат да се издвои интегрирана микро SIM-
картичка. Откако ќе ја издвоите микро SIM-картичката од стандардната SIM-картичка, не
можете повторно да ја вратите и да ја користите SIM-картичката со стандардна големина.
Ако немате микро SIM-картичка или ако од SIM-картичката што ја имате не може да се
издвои микро SIM-картичка, контактирајте со мрежниот оператор за информации за
добивање или замена на SIM-картичката.

Вметнување мемориска картичка

1

Отстранете го задниот капак.

2

Вметнете ја мемориската картичка во отворот, со златно обоените контакти свртени
надолу.

8

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Отстранување на микро SIM-картичката

1

Отстранете го задниот капак.

2

Извлечете ја микро SIM-картичката од лежиштето и отстранете ја целосно.

Отстранување на мемориската картичка

1

Исклучете го телефонот или отстранете ја мемориската картичка од Поставки >
Зачувување > Отстрани ја SD-картичката .

2

Извадете ги задниот капак, а потоа повлечете ја мемориската картичка кон надвор за да ја
извадите.