Sony Xperia E4g - Wi-Fi®

background image

Wi-Fi®

Користете Wi-Fi® конекции за сурфање на интернет, преземање апликации или за испраќање и
примање е-пошта. Штом се поврзете со Wi-Fi® мрежа, уредот ја запомнува и автоматски се
поврзува со неа следниот пат кога ќе бидете во нејзиниот опсег.
Некои Wi-Fi® мрежи бараат да се пријавите на веб-страницата пред да може да добиете пристап.
Контактирајте со соодветниот администратор на Wi-Fi® мрежата за повеќе информации.
Достапните Wi-Fi® мрежи може да се отворени или обезбедени:

Отворените мрежи се означени со веднаш до името на Wi-Fi® мрежата.

Обезбедените мрежи се означени со веднаш до името на Wi-Fi® мрежата.

Некои Wi-Fi® мрежи не се појавуваат на листата на достапни мрежи бидејќи не го
емитуваат своето мрежно име (SSID). Доколку го знаете мрежното име, може рачно да го
додадете на листата на достапни Wi-Fi® мрежи.

За да вклучите Wi-Fi®

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете го Поставки.

3

Повлечете го лизгачот крај Wi-Fi во десно за да се вклучи функцијата Wi-Fi®.

Потребни се неколку секунди пред да се вклучи Wi-Fi®.

Автоматско поврзување со Wi-Fi® мрежа

1

Од вашиот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки.

3

Допрете Wi-Fi. Прикажани се сите достапни Wi-Fi® мрежи.

4

Допрете некоја Wi-Fi® мрежа за да се поврзете со неа. Внесете ја соодветната лозинка за
обезбедените мрежи. се прикажува на лентата за статус откако ќе се поврзете.

За да пребарате нови достапни мрежи, допрете , а потоа допрете Скенирај. Ако не
можете да се поврзете со некоја Wi-Fi мрежа успешно, погледнете ги соодветните
совети за решавање проблеми за вашиот уред на www.sonymobile.com/support/ .

28

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Рачно додавање Wi-Fi® мрежа

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Wi-Fi.

3

Допрете .

4

Внесете ги информациите за Име на мрежата (SSID).

5

За да одберете вид на безбедност, допрете го полето Безбедност.

6

Внесете лозинка доколку е потребно.

7

За уредување на некои напредни опции, како поставките за прокси и IP, обележете го
полето за избирање Покажи напредни опции и потоа уредувајте.

8

Допрете Зачувај.

Контактирајте со администраторот на Wi-Fi® мрежата за да ги добиете SSID и лозинката
за мрежата.

Зголемување на јачината за сигналот на Wi-Fi®

Може да направите неколку работи за зголемување на јачината за сигналот на Wi-Fi®:

Преместете го уредот поблиску до пристапната точка за Wi-Fi®.

Преместете ја пристапната точка за Wi-Fi® подалеку од потенцијалните пречки или препреки.

Не покривајте ја областа со антена за Wi-Fi® на уредот (нагласената област на сликата).

Поставки на Wi-Fi®

Кога сте поврзани на Wi-Fi® мрежа или кога во близина има достапни Wi-Fi® мрежи, можно е да ги
видите нивните статуси. Можете и да го вклучите уредот да ве известува кога ќе открие отворена
Wi-Fi® мрежа.
Доколку не сте поврзани на Wi-Fi® мрежа, уредот користи конекција со мобилни податоци за
пристап на интернет (доколку сте поставиле и вклучиле конекција со мобилни податоци на
уредот). Со додавање правила на мирување на Wi-Fi®, може да одредите кога да се префрлите од
Wi-Fi® на мобилни податоци.

Вклучување известувања за Wi-Fi® мрежа

1

Вклучете Wi-Fi®, ако не е веќе вклучена.

2

Од својот Почетен екран, допрете .

3

Пронајдете и допрете Поставки > Wi-Fi.

4

Притиснете .

5

Допрете Напредно.

6

Обележете го полето за избирање Известување за мрежа.

Прикажување детални информации за поврзана Wi-Fi® мрежа

1

Од Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Wi-Fi.

3

Допрете ја Wi-Fi® мрежата на која сте поврзани тековно. Прикажани се детални
информации за мрежата.

29

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Додавање полиса за исклучување Wi-Fi®

1

Од Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Wi-Fi.

3

Допрете , потоа допрете Напредни > Задржи го Wi-Fi вклуч. при мирув..

4

Одберете опција.