Sony Xperia E4g - Општи поставки на камерата

background image

Општи поставки на камерата

Преглед на поставките за режимот на снимање

Автоматско препознавање сцена
Оптимизирајте ги поставките за да одговараат на секоја сцена.

Рачно
Рачно прилагодете ги поставките на камерата.

Лице во сликата
Фотографирајте со помош на предната и задната камера истовремено.

Повеќе камери
Снимете ја истата сцена од повеќе агли на еден екран.

Во живо на YouTube
Емитувајте видео во живо на YouTube™.

AR-

ефект

Фотографирајте или снимајте со виртуелни сцени и ликови.

Креативен ефект
Применете ефекти на фотографиите или видеата.

Timeshift burst
Најдете ја најдобрата фотографија од неколку слики.

Social live
Пренесувајте видео во живо на Facebook™.

Проширена панорама
Правете широкоаголни и панорамски фотографии.

Sound Photo
Фотографирајте со звук во заднината.

AR-

забава

Играјте се со виртуелните предмети во пронаоѓачот на изглед на камерата и збогатете ги фотографиите и видеата.

Ретуширање портрет
Фотографирајте со реални стилови на портрет.

78

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Автоматско препознавање сцена

Режимот автоматско препознавање сцена ги открива условите во коишто снимате и автоматски ги
прилагодува поставките за да овозможи да ја направите најдобрата можна фотографија.

Рачен режим

Користете го рачниот режим кога сакате рачно да ги прилагодите поставките на камерата за
снимање и фотографирање.

AR

ефект

На фотографиите или видеата можете да им додавате ефекти на AR (augmented reality -
проширена реалност) за да ги направите позабавни. При користење на камерата, оваа поставка ви
овозможува да интегрирате 3Д сцени во фотографиите или видеата. Само одберете ја сцената
што ја сакате и дотерајте ја нејзината положба во баралото.

Креативен ефект

Може да применувате различни ефекти на фотографиите или видеата. На пример, може да
додадете носталгичен ефект за класичен изглед на фотографиите или ефект на скица за
поинтересна слика.

Sweep Panorama

Со лесно движење со притискање и повлекување можете да правите широкоаголни фотографии
во хоризонтална и вертикална насока.

Панорамско фотографирање

1

Активирајте ја камерата.

2

Допрете го , па одберете .

3

Да одберете насока за снумање, допрете ја опцијата

.

4

Само допрете го екранот и мирно движете ја камерата од една на друга страна.

Timeshift burst

Камерата слика серија од 31 фотографија за време од две секунди – една секунда пред и по
допирањето на копчето за камера на екранот. Може да се вратите и да ја најдете совршената
слика.

Користење на Timeshift burst

1

Активирајте ја камерата.

2

Допрете , па одберете .

3

Фотографирајте. Направените фотографии се појавуваат во приказ на мали слики.

4

Лизгајте низ малите слики и одберете ја фотографијата што сакате да ја зачувате, па
допрете .

Social live

Social live е режим на снимање со камерата кој ви овозможува да стримувате видео во живо на
вашата Facebook™ страница. Потребна ви е само активна интернет конекција и да бидете
најавени на Facebook™. Видеото може да биде долго најмногу 10 минути.

За да емитувате видео во живо користејќи го Social live

1

Активирајте ја камерата.

2

Допрете , па одберете .

3

Пријавете се на вашата Facebook™ сметка.

4

Допрете за да започнете со емтиувањето.

5

За да фотографирате за време на емитувањето, допрете .

6

За да го стопирате емитувањето, допрете .

79

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Лице во

Можете да го користите режимот Во лице за да ги вклучите истовремено и предната и задната
камера, така што ќе можете да направите фотографија на себеси заедно со предметот што го
сликате.

Режим Multi camera

Режимот Multi camera ви овозможува да направите фотографија што комбинира слики од два
различни агли и уреди. Гледате две слики во пронаоѓач на изглед на камерата од вашиот уред –
една од вашата камера и една од поврзаниот уред Xperia™ или од камера Sony што поддржува
NFC и технологија Wi-Fi direct. Потоа може да го уредувате тоа што го гледате во пронаоѓачот на
изглед пред да фотографирате.
Па, ако сте на пример, на место на концерт и сакате да направите фотографија што комбинира
приказ на бендот од еден агол и публиката од друг, може да го користите режимот Multi camera за
најдобриот ефект.
Може да го поставите режимот Multi camera со помош на NFC, што го вклучува поврзувањето на
двата уреда со помош на технологијата Wi-Fi direct. Двата уреда мора да поддржуваат NFC.

Режимот Multi camera не е достапен на сите пазари.

Користење на режимот Multi camera

1

Вклучете ја функцијата NFC на двата уреда што сакате да ги поврзете.

2

Активирајте ја камерата на вашиот уред.

3

Допрете , па одберете .

4

На екраните на двата уреда, допрете .

5

Допрете ја областа за откривање NFC кај секој уред еден кон друг. Двата уреда сега треба
да се поврзат користејќи ја технологијата Wi-Fi direct.

6

Штом уредите ќе се поврзат, две слики се појавуваат во пронаоѓачот на изглед на вашиот
уред – една од пронаоѓачот на изглед од вашата камера и друга од пронаоѓачот на изглед
од поврзаниот уред.

7

За да ги уредите сликите во вашиот пронаоѓач на изглед, допрете

.

8

Уредете ги сликите како што сакате. На пример, може да допрете и држите слика и да ја
повлечете на другата страна од пронаоѓачот на изглед за да го промените редоследот.

9

Кога ќе завршите со уредувањето и сте подготвени да ја направите крајната комбинирана
слика, допрете Готово > .

Обработка на портрети

Користете ја оваа функција за обработка на портретите при самото снимање за да овозможите
најдобри резултати.

Користење на функцијата за обработка на портрети

1

Активирајте ја камерата.

2

Допрете , потоа допрете .

3

За приказ на селекторот на стилот, поминете со прстот нагоре на екранот, потоа одберете
стил на портрет за вашите фотографии.

4

За да го скриете селекторот на силот, допрете го екранот или поминете со прстот надолу.

5

За приказ на селекторот на рамки, поминете со прстот налево, потоа одберете украсна
рамка.

6

За да го скриете селекторот на рамки, допрете го екранот на камерата или поминете со
прстот надесно.

Преземање апликации за камера

Од Google Play™ или други извори можете да преземете бесплатни апликации или платени
апликации за камера. Пред да започнете со преземањето, проверете дали имате активна
конекција со интернет, најдобро преку Wi-Fi® за да се ограничат трошоците за сообраќајот на
податоци.

80

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

За да преземете апликации за камера

1

Отворете ја апликацијата за камерата.

2

Допрете , а потоа допрете ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ.

3

Изберете ја апликацијата што сакате да ја преземете, а потоа следете ги упатствата за
комплетирање на инсталацијата.

Брзо стартување

Користете поставки за Брзо стартување за стартување на камерата кога екранот е заклучен.

Само стартувај
По повлекувањето

нагоре, се активира главната камера од режимот на мирување.

Стартувај и сликај
По повлекувањето

нагоре, се активира фотоапаратот од режимот на мирување и се слика фотографија.

Стартувај и снимај видео
По повлекувањето

нагоре, се активира видео камерата од режимот на мирување и започнува снимањето.

Исклучено

Гео-означување

Означете фотографии со детали каде сте ги направиле.

Снимање со допир

Одредете ја областа за фокусирање и потоа допрете го со прстот екранот на камерата.
Фотографијата се прави веднаш штом ќе го ослободите прстот.

Звук

Одберете дали да го вклучите или исклучите звукот при фотографирање.

Меморија

Може да одберете да ги чувате своите податоци или на SD-картичка што може да се отстранува,
односно на внатрешната меморија на уредот.

Внатрешна меморија
Фотографиите или видеата се чуваат во меморијата на уредот.

SD-

картичка

Фотографиите или видеата се чуваат на SD-картичката.

Баланс на бела боја

Оваа функција го прилагодува балансот на бои според осветлувањето. Иконата за поставката на
балансот на бела боја достапна е на екранот од камерата.

Автоматски
Го прилагодува балансот на бои автоматски според осветлувањето.

Усвитеност
Го прилагодува балансот на бои за топло осветлување, како под светилки.

Флуоресцентна
Го прилагодува балансот на бои за флуоресцентно осветлување.

Дневна светлина
Го прилагодува балансот на бои за надворешни, сончеви услови.

Облачно
Го прилагодува балансот на бои за облачно време.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

81

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.