Sony Xperia E4g - Заклучување на екранот

background image

Заклучување на екранот

Има неколку начини на заклучување на екранот. Нивото на безбедност на секој тип заклучување
на екранот е наведено подолу од најслабо кон најјако:

Лизгање - нема заштита, но имате брз пристап до почетниот екран

Bluetooth отклучување – отклучете го вашиот уред со помош на спарени Bluetooth уреди

Отклучување со лице - уредот се отклучува кога ќе погледнете во него

Шема - нацртајте едноставна шема со прстот за отклучување на уредот

PIN - внесете нумерички PIN од најмалку четири цифри за отклучување на уредот

Лозинка - внесете алфанумеричка лозинка за отклучување на уредот

Многу е важно да ја запаметите вашата шема за отклучување на екранот, PIN бројот или
лозинката. Ако ги заборавите овие информации, невозможно е да се вратат важните
податоци како што се контактите и пораките.

Промена на типот на заклучување на екранот

1

Од почетниот екран, допрете ја .

2

Најдете и допрете Поставки > Безбедност > Заклучување екран.

3

Следете ги инструкциите на уредот и одберете друг тип на заклучување на екранот.

Отклучување на екранот со функцијата Bluetooth®

Пред да почнете да ја користите опцијата за Bluetooth® отклучување, проверете дали
вашиот уред и другите Bluetooth® уреди се спарени. За повеќе информации за
спарувањето, видете Поврзување на уредот со друг Bluetooth® уред на страницата 102 .

1

Од почетниот екран, допрете го , потоа пронајдете и допрете го Поставки >
Безбедност.

2

Допрете ги опциите Заклучување екран > Bluetooth unlock.

3

Допрете ја опцијата Продолжи и одберете го уредот со којшто сакате да го користите за
отклучување на екранот, па допрете ја опцијата Продолжи.

4

Одберете опција за резервната блокада за отклучување на екранот кога нема поврзани
Bluetooth® уреди.

5

Кај другите Bluetooth® уреди, пронајдете и допрете го името на вашиот уред под
Поставки > Bluetooth > Спарени уреди. Кога Поврзан ќе се појави кај
Bluetooth® уредите, веднаш притиснете го копчето за вклучување на вашиот уред.

Ако вашиот уред е одвоен од другите Bluetooth® уреди, ќе треба да го отклучите екранот
со помош на ПИН или шема.

Поставување на функцијата за отклучување со лице

1

Од својот Почетен екран, допрете ја > Поставки > Безбедност > Заклучување
екран
.

2

Допрете Отклучување со лице, па следете ги инструкциите на уредот за да си го
сликате лицето.

3

Откако лицето успешно ќе се сними, допрете Продолжи.

4

Изберете резервен начин за отклучување и следете ги инструкциите на уредот за да го
завршите поставувањето.

За најдобри резултати, сликајте се внатре на место што е добро осветлено, но не
пресветло и држете го уредот во висина на очите.

38

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Отклучување на екранот со функцијата за отклучување со лице

1

Активирајте го екранот.

2

Гледајте во уредот од истиот агол под којшто ја сликавте фотографијата за отклучување со
лице.

Доколку функцијата за отклучување со лице не ве препознае, мора да го користите
резервниот начин за отклучување на екранот.

Креирање шема за заклучување на екранот

1

Од почетниот екран, допрете ја .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Безбедност > Заклучување екран >
Шаблон.

3

Следете ги инструкциите на уредот.

Доколку шемата за заклучување се одбие петпати по ред при отклучување на уредот,
треба да почекате 30 секунди за да се обидете повторно.

Промена на шемата за заклучување на екранот

1

Од својот Почетен екран, допрете ја .

2

Најдете и допрете Поставки > Безбедност > Заклучување екран.

3

Нацртајте ја шемата за отклучување на екранот.

4

Допрете Шаблон и следете ги инструкциите на уредот.

Креирање PIN за заклучување на екранот

1

Од почетниот екран, допрете ја .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Безбедност > Заклучување екран > PIN.

3

Внесете нумерички PIN.

4

Ако е потребно, допрете за да ја минимизирате тастатурата.

5

Допрете Продолжи.

6

Повторно внесете го и потврдете го вашиот PIN.

7

Ако е потребно, допрете за да ја минимизирате тастатурата.

8

Допрете OK.

Креирање лозинка за заклучување на екранот

1

Од вашиотr Почетен екран, допрете го > Поставки > Безбедност >
Заклучување екран > Лозинка.

2

Внесете лозинка.

3

Доколку е потребно, допрете го за да ја минимизирате тастатурата.

4

Допрете го Продолжи.

5

Потврдете ја вашата лозинка.

6

Доколку е потребно, допрете го за да ја минимизирате тастатурата.

7

Допрете го OK.

Гледање известување од заклучениот екран

1

Од заклучениот екран, повлечете ја лентата за статус надолу.

2

Допрете го известувањето што сакате да го видите.

Кога ќе го заклучите екранот со режимот Лизгај, на заклучениот екран можете да видите
само известувања.