Sony Xperia E4g - Користење услуги за локација

background image

Користење услуги за локација

Услугите за локација им овозможуваат на апликациите какви што се Мапи и камера да ги користат
информациите од Wi-Fi® мрежите, како и од Global Positioning System (GPS) за да ја утврдат
вашата приближна локација. Ако не сте во рамките на директна линија на поглед на GPS
сателити, вашиот уред може да ја утврди вашата локација користејќи ја Wi-Fi® функцијата.
За да го користите вашиот уред за да откриете каде се наоѓате, треба да ги вклучите услугите за
локација.

Вклучување услуги за локација

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Локација.

3

Повлечете го надесно лизгачот до Локација.

4

Допрете Согласен за да потврдите.

За да дозволите апликациите на Google да пристапуваат до вашата локација

1

Проверете дали сте најавени на вашата сметка на Google™ од вашиот уред.

2

Од вашиот Почетен екран, допрете .

3

Најдете и допрете Поставки > Google > Локација.

4

Влечете го лизгачот Локација надесно.

5

Допрете го Согласен за да потврдите.

Подобрување на точноста на GPS

При првото користење на функцијата на GPS на вашиот уред, може да се потребни 5 до 10 минути
за да се најде вашата локација. За да помогнете во пребарувањето, проверете дали имате чист
поглед кон небото. Застанете мирно и не покривајте ја GPS антената (нагласената област на
сликата). GPS сигналите може да поминат низ облаци и пластика, но не и низ најмногу од
цврстите објекти како што се згради и планини. Ако вашата локација не се најде по неколку
минути, преместете се на друга локација.

Google Maps™