Синхронизирање со електронски сметки
Синхронизирајте го својот уред со контактите, е-поштата, настаните од календарот и другите
информации од електронските сметки, како што се сметките на е-пошта на Gmail™ и Exchange
ActiveSync, Facebook™, Flickr™ и Twitter™. Може да синхронизирате податоци автоматски за сите
сметки со активирање на функцијата за автоматско синхронизирање. Или може секоја сметка да ја
синхронизирате рачно.
Поставување електронска сметка за синхронизација
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Допрете Поставки > Додај сметка, потоа одберете ја сметката што сакате да ја
додадете.
3
Следете го инструкциите за создавање сметка или пријавете се доколку веќе имате сметка.
Рачно синхронизирање со електронска сметка
1
Од својот Почетен екран, допрете > Поставки.
2
Во Сметки, одберете го видот на сметка, а потоа допрете на името од сметката со
којашто сакате да синхронизирате. Се појавува листа со објекти што може да се
синхронизираат со сметката.
3
Обележете ги објектите што сакате да ги синхронизирате.
4
Допрете , потоа допрете Синхронизирај веднаш.
Отстранување електронска сметка
1
Од својот Почетен екран, допрете > Поставки.
2
Во Сметки, одберете го видот на сметка, а потоа допрете на името од сметката што
сакате да ја отстраните.
3
Допрете , потоа допрете Отстрани сметка.
4
Допрете повторно Отстрани сметка за да потврдите.