Заклучување и отклучување на екранот
Кога уредот е вклучен и е ставен во мирување определен временски период, екранот се
затемнува за да заштеди батерија и автоматски се заклучува. Ова заклучување спречува несакани
активности на екранот на допир кога не го користите. Кога ќе го купите уредот, поставено е
основно заклучување на екранот со лизгање. Тоа значи дека треба да лизгате нагоре или надолу
за да го отклучите. Подоцна може да ги промените безбедносните поставки и да додадете други
видови заклучување. Видете Заклучување на екранот на страницата 38 .
За да се активира екранот
•
Кратко притиснете го копчето за вклучување .
За да се заклучи екранот
•
Кога екранот е активен, кратко притиснете го копчето за вклучување .