Sony Xperia E4g - Кратенки и папки

background image

Кратенки и папки

Користете кратенки и папки за управување со своите апликации и уредно одржување на почетниот
екран.

19

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

1

Пристап до апликација со помош на кратенка

2

Пристапете до папки што содржат апликации

Додавање на кратенка за апликација во вашиот почетен екран

1

Допрете и задржете празна област на својот Почетен екран сè додека уредот не почне да
вибрира.

2

Во менито за приспособување, допрете Апликации.

3

Лизгајте низ списокот со апликации и изберете апликација. Избраната апликација се
додава на Почетен екран.

Во чекор 3, може да допрете Кратенки, а потоа да изберете апликација од достапниот
список. Доколку го користите методот за додавање на кратенки, некои од достапните
апликации ви овозможуваат да додавате одредена функционалност на кратенката.

Преместување објект на почетниот екран

Држете го допрен објектот додека не се зголеми и уредот не почне да вибрира, па
повлечете го објектот на новата локација.

Отстранување објект од почетниот екран

Држете го допрен објектот додека не се зголеми и додека уредот не почне да вибрира,
потоа повлечете го објектот кон на врвот на екранот.

Креирање папка на почетниот екран

Држете ја допрена иконата или кратенката на апликацијата, додека не се зголеми и уредот
не завибрира, па повлечете и спуштете ја врз иконата или кратенката на некоја друга
апликација.

Додавање ставки во папка на почетниот екран

Држете го допрен објектот додека не се зголеми и додека уредот не почне да вибрира,
потоа повлечете го објектот кон папката.

Промена на името на папка на почетниот екран

1

Допрете ја папката за да ја отворите.

2

Држете ја допрена насловната лента на папката за да се покаже полето Име на
папката
.

3

Внесете го името на новата папка и допрете го Готово.