Sony Xperia E4g - Гледање фотографии и видеа

background image

Гледање фотографии и видеа

Користете ја апликацијата Албум за да гледате фотографии и да репродуцирате видеа што сте ги
направиле со камерата или да прикажувате слични содржини што сте ги зачувале на уредот. Сите
фотографии и видеа се прикажани во хронолошки наредена мрежа.

1

Допрете ја иконата за да го отворите менито на почетниот екран на апликацијата Албум

2

Приказ на опциите на менито

3

Слајдшоу од сите ваши слики или од сликите што сте ги додале во омилени

4

Влечете го левиот агол на екранот во десно за да го отворите почетниот екран за апликацијата Албум

5

Датумот на ставки во групата подолу

6

Допрете фотографија или видео за да ги погледнете

7

Листајте нагоре или надолу за преглед на содржината

Прикажување фотографии и видеа

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Албум.

3

Допрете фотографија или видео што сакате да ги прикажете, па допрете Албум > Само
еднаш
.

4

Потчукнете налево за да ја прегледате следната фотографија или видео. Потчукнете
надесно за да ја прегледате претходната фотографија или видео.

Ако сакате да промените апликација што сте ја одбрале како стандардна секогаш да
отвора фотографии или видеа, допрете Поставки > Апликации и поминете со прст преку
картичката Сите, потоа одберете ја апликацијата и допрете Избриши стандардни
вредности
под Вообичаено стартувај.

Ако ориентацијата на екранот не се промени автоматски кога ќе го завртите уредот
настрана, обележете го полето за избор Автом. ротирање на екранот под Поставки >
Екран > Ротација на екранот.

Промена на големината на малите слики

Кога прегледувате мали слики од фотографиите и видеата во албумот, раширете два
прста за зумирање или спојте ги за одзумирање.

88

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Зумирање фотографии

Кога прегледувате фотографија, раширете со два прста за да ја зумирате или спојте ги за да ја
одзумирате.

Да гледате слајдшоу на вашите фотографии

1

Кога гледате фотографија, допрете го екранот за да ги прикажете алатниците, па допрете
> Слајд шоу за да почнете со репродукција на сите фотографии во албумот.

2

Потчукнете фотографија за слајдшоуто да заврши.

Репродуцирање видео

1

Во Албум, пронајдете го и допрете го видеото што сакате да се репродуцира.

2

Допрете , потоа допрете Филмови > Само еднаш.

3

Ако не се прикажани контролите за репродукција, допрете го екранот за да ги прикажете.
За да го скриете контролите, повторно допрете го екранот.

За да паузирате видео

1

Кога се репродуцира видео, допрете го екранот за да се прикажат контролите.

2

Допрете го .

Премотување напред и премотување назад на видеото

1

Кога се репродуцира видео, потчукнете го екранот за да се прикажат контролите.

2

Влечете го граничникот на лентата за прогрес лево за премотување наназад, или десно за
премотување напред.

Прилагодување на јачината на звукот на видео

Притиснете го копчето за јачина на звук.