Sony Xperia E4g - Мени на почетниот екран на албумот

background image

Мени на почетниот екран на албумот

Преку менито на почетниот екран на албумот може да пребарувате низ сите фотоалбуми,
вклучувајќи ги албумите со фотографии и видеа снимени со камерата, како и и содржина што ја
споделувате на интернет преку услуги како што се PlayMemories Online, Picasa™ и Facebook.
Штом ќе се пријавите на таквите услуги, може да управувате со содржината, да коментирате за
фотографиите и видеата и да прегледувате коментари од пријателите. Од апликацијата Албум,
може и да додавате гео-ознаки на фотографии, да извршувате задачи со основно уредување и да
користите методи како што се безжичната технологија Bluetooth® и е-пошта за споделување
содржини.

1

Прегледувајте фотографии и видеа користејќи ја услугата PlayMemories Online

2

Врате се на почетниот екран на апликацијата Албум

3

Прегледувајте ги сите фотографии и видеа снимени со камерата на уредот

4

Прегледувајте ги сите фотографии и видеа зачувани во уредот во различни папки

5

Прегледувајте ги омилените фотографии и видеа

6

Прегледувајте ги сите фотографии со лица

7

Прегледувајте ги своите фотографии на мапа или во режимот глобус

8

Прегледувајте фотографии и видеа на истата мрежа

9

Прегледувајте фотографии и видеа на Facebook™

10

Прегледувајте фотографии и видеа на Picasa™

11

Лизгајте нагоре или надолу за приказ на содржината

Услугата PlayMemories Online не е достапна во сите земји или региони.

92

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Прегледување фотографии од онлајн услуги во апликацијата Албум

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Албум, потоа повлечете го надесно левиот раб од почетниот екран на
албумот.

3

Допрете ја саканата онлајн услуга, потоа следете ги инструкциите на екранот за да
започнете со неа. Се прикажуваат сите достапни онлајн албуми што сте ги поставиле на
услугата.

4

Допрете некој албум за да ја прегледате содржината, потоа допрете фотографија во
албумот.

5

Потчукнете налево за да ја прегледате следната фотографија или видео. Потчукнете
надесно за да ја прегледате претходната фотографија или видео.