Sony Xperia E4g - Уредување видеа со апликацијата Креатор на филмови

background image

Уредување видеа со апликацијата Креатор на филмови

Може да уредувате видеа што сте ги снимиле со камерата. На пример, може да отсечете видео до
саката должина или да ја прилагодите брзината на видеото. По зачувувањето на уреденото видео,
оригиналната, неизменета верзија на видеото останува во уредот.

Отсекување видео

1

Додека се репродуцира видеото, допрете го екранот за да се прикажат контролите, па
допрете > Скрати.

2

За да ја преместите рамката за потсекување на друг дел од временската линија, допрете и
држете го работ од рамката за отсекување и повлечете го до саканата положба, па допрете
Примени.

3

За да зачувате копија од отсеченото видео, допрете Зачувај.

Прилагодување на брзината на видео

1

Додека се репродуцира видеото, допрете го екранот за да се прикажат контролите, па
допрете > Брзина.

2

Одберете опција, потоа допрете го и држете го работ од временската линија, влечете до
саканата положба и допрете Примени

3

За да зачувате копија на уреденото видео, допрете Зачувај.